Не ми треба светот
и така не е мој калап.
Нешто помало, многу помало...
Колку оваа соба...
Како парче душа.
Колку да знам на сигурно сум
и декa секое утро кога ќе излезам
-имам каде да се вратам.
Колку да знам дека некој ме чека таму...
Светот не е потребен
зошто мојот свет го имам.
Овој другиов, маскираниов...
прави да се чуствувам како на бал под маски
некаде таму пред 3 века.
А не го сакам овој век...
Сакам пред 3 века...
No comments:
Post a Comment