Friday, January 17, 2014

Мисандерстуд

Таа е убава и скромно повлечена
нахранета со повеќе искуства и
неколку илјади светлосни години
подалеку од него.
А тој?
Тој ни зборот кога ќе истече од неа
не го разбира како секој друг збор.
Ни збор од нејзиното секојдневно
жонглирање со чуствата преточени
во најкуси зборови.
Изборот на животниот пат никому
не треба да се суди-му велам.
И тоа не го разбира...
Па му дадов еден совет, бесплатно од душа
-Кога ќе сретнеш повредено куче на улица,
аkо можеш помогни му.
Но ако не можеш-не му одмагај..
Тоа и така веќе е повредено...
Верувам и тој совет не го разбра....

No comments:

Post a Comment