Friday, January 17, 2014

Рок на употреба

Тој беше нож а јас Фета сиренце.
Во тој период тоа бевме ние.
Мразам кога ќе речам-кога ке се сетам...
Зошто мекушка сум била.
Но јака бев сама....
А рацеве се уморија од гушкање празнина.
Ме хранеше со зборови кои имаа рок на траење
исто како и фетата од мене направена.
"Живот мој само без тебе нема"
-и тоа имаше рок.
Под баркодот одма.
Зошто јас верувам дека се има рок на траење.
Чуствата додека ги храниш, галиш, негуваш...
А ти дека еднаш се љуби...без галење на нив.

No comments:

Post a Comment