Friday, January 17, 2014

Во кое диско идеш?

Леплива сум ко шеќерна волна
специјално наменета само за тоа
што не припаѓа во мојот свет.
Некогаш хиенски се смеам на
-Во кое диско идеш???
Со накривен поглед нагоре
во себе си велам-Пак ли!?!?!?
Се прашувам зошто луѓето немаат
упатство ко предмет?
Па и така сме предмети.
Шаховски фигури на времето.
Само упатство за намена и контраиндикации.
За избегнување на-А во кое диско идеш???


No comments:

Post a Comment