Правиме ремикс на осаменоста.
оргија помеѓу хиени дур седиш склупчена
помала од зрно песок, полесна од капка вода.
Ти реков-Со морска вода не се гаси жед.
Се тешиш, барем не се ѕверат во тебе.
Не распрашуваат, не приметуваат.
Само си ги задоволуваат своите потреби.
А ти...како сунѓер впиваш што не смееш да бидеш.
Од страна гледано изгледаш ко воајер кој прати
сексуален чин меѓу нив, а уствари ја ремиксираш
нивната љубопитна глад во животински нагон.
Мајндфак!
Црвенокосиот Ангел
Friday, January 17, 2014
Рок на употреба
Тој беше нож а јас Фета сиренце.
Во тој период тоа бевме ние.
Мразам кога ќе речам-кога ке се сетам...
Зошто мекушка сум била.
Но јака бев сама....
А рацеве се уморија од гушкање празнина.
Ме хранеше со зборови кои имаа рок на траење
исто како и фетата од мене направена.
"Живот мој само без тебе нема"
-и тоа имаше рок.
Под баркодот одма.
Зошто јас верувам дека се има рок на траење.
Чуствата додека ги храниш, галиш, негуваш...
А ти дека еднаш се љуби...без галење на нив.
Во тој период тоа бевме ние.
Мразам кога ќе речам-кога ке се сетам...
Зошто мекушка сум била.
Но јака бев сама....
А рацеве се уморија од гушкање празнина.
Ме хранеше со зборови кои имаа рок на траење
исто како и фетата од мене направена.
"Живот мој само без тебе нема"
-и тоа имаше рок.
Под баркодот одма.
Зошто јас верувам дека се има рок на траење.
Чуствата додека ги храниш, галиш, негуваш...
А ти дека еднаш се љуби...без галење на нив.
Во кое диско идеш?
Леплива сум ко шеќерна волна
специјално наменета само за тоа
што не припаѓа во мојот свет.
Некогаш хиенски се смеам на
-Во кое диско идеш???
Со накривен поглед нагоре
во себе си велам-Пак ли!?!?!?
Се прашувам зошто луѓето немаат
упатство ко предмет?
Па и така сме предмети.
Шаховски фигури на времето.
Само упатство за намена и контраиндикации.
За избегнување на-А во кое диско идеш???
специјално наменета само за тоа
што не припаѓа во мојот свет.
Некогаш хиенски се смеам на
-Во кое диско идеш???
Со накривен поглед нагоре
во себе си велам-Пак ли!?!?!?
Се прашувам зошто луѓето немаат
упатство ко предмет?
Па и така сме предмети.
Шаховски фигури на времето.
Само упатство за намена и контраиндикации.
За избегнување на-А во кое диско идеш???
17от век денес
Не ми треба светот
и така не е мој калап.
Нешто помало, многу помало...
Колку оваа соба...
Како парче душа.
Колку да знам на сигурно сум
и декa секое утро кога ќе излезам
-имам каде да се вратам.
Колку да знам дека некој ме чека таму...
Светот не е потребен
зошто мојот свет го имам.
Овој другиов, маскираниов...
прави да се чуствувам како на бал под маски
некаде таму пред 3 века.
А не го сакам овој век...
Сакам пред 3 века...
и така не е мој калап.
Нешто помало, многу помало...
Колку оваа соба...
Како парче душа.
Колку да знам на сигурно сум
и декa секое утро кога ќе излезам
-имам каде да се вратам.
Колку да знам дека некој ме чека таму...
Светот не е потребен
зошто мојот свет го имам.
Овој другиов, маскираниов...
прави да се чуствувам како на бал под маски
некаде таму пред 3 века.
А не го сакам овој век...
Сакам пред 3 века...
Мисандерстуд
Таа е убава и скромно повлечена
нахранета со повеќе искуства и
неколку илјади светлосни години
подалеку од него.
А тој?
Тој ни зборот кога ќе истече од неа
не го разбира како секој друг збор.
Ни збор од нејзиното секојдневно
жонглирање со чуствата преточени
во најкуси зборови.
Изборот на животниот пат никому
не треба да се суди-му велам.
И тоа не го разбира...
Па му дадов еден совет, бесплатно од душа
-Кога ќе сретнеш повредено куче на улица,
аkо можеш помогни му.
Но ако не можеш-не му одмагај..
Тоа и така веќе е повредено...
Верувам и тој совет не го разбра....
нахранета со повеќе искуства и
неколку илјади светлосни години
подалеку од него.
А тој?
Тој ни зборот кога ќе истече од неа
не го разбира како секој друг збор.
Ни збор од нејзиното секојдневно
жонглирање со чуствата преточени
во најкуси зборови.
Изборот на животниот пат никому
не треба да се суди-му велам.
И тоа не го разбира...
Па му дадов еден совет, бесплатно од душа
-Кога ќе сретнеш повредено куче на улица,
аkо можеш помогни му.
Но ако не можеш-не му одмагај..
Тоа и така веќе е повредено...
Верувам и тој совет не го разбра....
Зимска есен..
Позајми ми го дишењето
Денов некако е бездишен.
Можеби и месецов, не знам.
Некои викаат до времето ќе да е.
Но чуството на кршливост е
рамномерно со кинески порцелан.
Гаранција -None!
Не дека би успеал во тоа
Но ако навистина се исправам како
што мислиме дека треба
Ќе испадне дека сум она што бев за тебе
-Твоја кукла од пластелин чие срце е несекојдневие.
Мистериозност е моето второ име
А стравот твој најверен пријтел.
Подобро да си појдам
Кон некое среќно НЕКАДЕ.
Денов некако е бездишен.
Можеби и месецов, не знам.
Некои викаат до времето ќе да е.
Но чуството на кршливост е
рамномерно со кинески порцелан.
Гаранција -None!
Не дека би успеал во тоа
Но ако навистина се исправам како
што мислиме дека треба
Ќе испадне дека сум она што бев за тебе
-Твоја кукла од пластелин чие срце е несекојдневие.
Мистериозност е моето второ име
А стравот твој најверен пријтел.
Подобро да си појдам
Кон некое среќно НЕКАДЕ.
Thursday, January 16, 2014
The three and the soul
Не гледај во гранките со поглед на воодушевување
Тие се плод на коренот.
Исто како човечката душа.
Тајната никогаш не е испишана на чело
Па затоа нели сме смртници кои грешиме!?
Упорно нализирм потези барајчи дефиниција
која води кон твоите мисли.
Sometimes the eye contact is not enough.
Посебно кога си заслепен од убавината на гранките...
Тие се плод на коренот.
Исто како човечката душа.
Тајната никогаш не е испишана на чело
Па затоа нели сме смртници кои грешиме!?
Упорно нализирм потези барајчи дефиниција
која води кон твоите мисли.
Sometimes the eye contact is not enough.
Посебно кога си заслепен од убавината на гранките...
Subscribe to:
Posts (Atom)